ИСТО КАКО БИН ЛАДЕН: Телото на ал-Багдади одложено на непозната локација

Фото: ЕПА

Соединетите Американски Држави ги одложија посмртните останки на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади во морето, според соодветната верска служба на исламските обичаи, рекоа тројца неименувани американски официјални лица, пренесува „Н1“.

Претседавачот на Генералштабот на американската војска Мајк Мајли претходно изјави дека е завршено одложувањето на посмртните останки на лидерот на ИД.

Локацијата на која е погребан ал-Багдади не е потврдена.

Аналитичарите наведуваат дека поради природата на срмтта на Багдади, најверојатно американската војска не го следела во потполност процесот на закопување на лидерот на ИД, како што беше во случајот кога беше убен лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен.

Во случајот на водачот на Ал Каеда, неговото тело беше префрлено на носачот на авионите Карл Вилсон. Телото е измиено, потоа замотано во бел чаршав и на арапски се прочитани делови од Куранот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот