Истекува рокот за потпишување спогодби за ретроактивна исплата на зголемените ученички и студентски стипендии

Министерство за образование и наука - табла / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Учениците и студентите кои го оствариле правото на стипендија пред да се зголемат износите на стипендиите, а кои потпишале анекс кон договорот за зголемување на износот на стипендијата дека треба да ги потпишат спогодбите и да ги достават до Министерството најдоцна до денеска.

Со овие спогодби се регулира исплатата на разликата во стипендии заради нивното изедначување од моментот на зголемување на стипендиите до потпишувањето на анексот кон договорот за стипендија. За студентите исплатата ќе се врши на три рати, и тоа прва рата за 4 месеци до крајот на 2023 година, втора рата за 5 месеци и трета рата за 6 месеци заклучно со 30.6.2024 година. За учениците исплатата ќе се изврши одеднаш за сите месеци – информираат од Министерството за образование и наука.

Од Министерството додаваат дека спогодбите можат да ги потпишат само оние ученици и студенти кои претходно потпишале анекс на договорот за стипендијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот