Испуштањето вода од Фукушима ќе започне во четврток, соопшти Кишида

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Испуштањето вода во Тихиот Океан од оштетената нуклеарна централа Фукушима ќе започне в четврток, доколку временските услови дозволат, изјави денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Јапонскиот план за испуштање вода од нуклеарната централа беше одобрен на почетокот на јули од Меѓународната агенција за атомска енергија.

Сепак, таа операција, што се очекува да трае со децении, предизвика сериозна загриженост и критики, особено од Кина.

Токио планира да испушти повеќе од 1,3 милиони тони вода во Тихиот Океан од нуклеарната централа Фукушима, што беше оштетена по цунамито во март 2011 година, кое го опустоши североисточниот брег на Јапонија.

Водата во нуклеарната централа била подложена на третман за да се прочисти од радиоактивни материи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот