„Исламската држава“ назначи нов лидер

Знамето на Исламска држава
Илустративна фотографија: Знамето на Исламска држава / Фото: SOPA Images Limited / Alamy / Alamy / Profimedia

Терористичката група Исламска држава (ИД) го назначи досега непознатиот Абу Хусеин за свој водач, откако неговиот претходник Абу ал-Хасан ал-Хашеми ал-Кураиши се разнесе во октомври кога се најде под опсада од поранешни антивладини бунтовници во јужна Сирија.

„ИД го избра Абу ал-Хусеин ал-Хусеин ал-Кураиши за свој водач, изјави портпаролот на терористичката група во објавено видео“, без да соопшти повеќе детали.

Во аудио снимката објавена вчера, портпаролот на ИД рече дека Кураиши бил убиен додека се „борел против непријателите на Бог”, додавајќи дека Абу Хусеин е следниот водач, без да наведе детали.

Централната команда на САД подоцна објави свое соопштение, потврдувајќи дека Абу ал-Хасан бил убиен во средината на октомври во јужната сириска провинција Дара од страна на Слободната сириска армија (ФСА), бунтовничка група која не е партнер со САД.

Но, и покрај тоа што немало американско учество во операцијата, од американските официјални лица било побарано да ја потврдат смртта на лидерот на ИД. Врз основа на доказите на местото на настанот и последователните тестови на ДНК, САД утврдија дека ФСА всушност го убила Абу ал-Хасан, изјави за Гласот на Америка официјален претставник на американската одбрана, кој побарал да не биде именуван.

Американскиот официјален претставник не кажа зошто САД досега одбивале да ја потврдат смртта на лидерот на ИД, ниту пак американските одбранбени и разузнавачки претставници објасниле како успеале да го идентификуваат преку ДНК, бидејќи Абу ал-Хасан не е неговото вистинско име, туку псевдоним.

„Исламска држава“: Нашиот лидер е убиен додека се бореше против непријателите на Бог

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот