„Исламска држава“: Нашиот лидер е убиен додека се бореше против непријателите на Бог

Исламската држава / Фото: Архива на Слободен печат

Групата „Исламска држава“ (ИД), поразена во Ирак и Сирија, денеска ја објави смртта на нејзиниот водач Абу Хасан ал Хашими ал Кураши, прецизирајќи дека тој бил убиен „додека се борел против непријателите на Бог”.

Во аудио порака, портпаролот на џихадистичката група Абу Омар ал-Мухаџир објави дека е назначен нов „калиф на муслиманите”, Абу Ал-Хусеин ал-Хусеини ал Кураши.

Портпаролот во својата порака не посочи како загинал водачот на групата, кој е Ирачанец.

По подемот во 2014 година во Ирак и Сирија, и освојувањето големи територии, ИД доживеа соборување на својот самопрогласен „калифат” под влијание на последователните офанзиви во тие две земји, во 2017 и 2019 година.

Оттогаш, организацијата беше дестабилизирана неколку пати со убиство или апсење на нејзините водачи.

Првиот водач на ИД, Абу Бакр ал Багдади ал Кураши, беше убиен во американски напад во Сирија во 2019 година, а неговиот наследник беше елиминиран во февруари во операција на американските специјални сили во северозападниот дел на таа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот