Ишингер револтиран поради закажаниот состанок на Гренел со претставници на Белград и Приштина

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Германскиот дипломат Волфганг Ишингер револтирано реагираше на Твитер поради тоа што Ричард Гренел организира состанок на претставници на Белград и Приштина на 27 јуни во Белата куќа без координација со Европската унија. Гренел одговори дека е потребна акција, а не само разговори.

„Во спротивност со ЕУ? Реакција од Берлин, Париз, Брисел? Што ако ЕУ преговара за длабоки и инклузивни области на слободна трговија со талибанците?”, напиша Ишингер.

Гренел одговори со прашање зошто Ишингер не и предложи на Европската унија да преземе чекори кон визна либерализација.

„Ги поздравуваме сите активности, а не само разговорите”, возврати Гренел, алудирајќи на неефикасноста на Европската унија во дијалогот и политиката за ова прашање воопшто.

„Зошто не објавувате дека ЕУ треба да преземе чекори во врска со визите – што ветуваа со години? Народот на Косово и Србија заслужува напредок”, напиша Гренел на Твитер. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот