Ишингер предупредува на руско мешање на престојните избори во Германија

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

 Претседателот на Минхенската безбедносна конференција и поранешен германски дипломат Волфганг Ишингер изјави дека стравува од странско мешање, претежно од Русија, на парламентарните избори во Германија, што се закажани на 26 септември во Германија.

– Владите и парламентите беа нападнати (преку кибер напади), што ја разниша довербата во политичкиот процес, изјави Ишингер, поранешен германски амбасадор во Вашингтон и во Лондон.

Тој предупредиу дека „огромна количина на податоци е украдена од германскиот Бундестаг во последните неколку години, што предизвикува страв дека изборите исто така може да бидат изманипулирани”.

Долниот дом на германскиот Парламент беше мета на голем кибер напад во 2015 година. Други помали напади беа извршени изминатите години.

– Би бил изненаден ако руската страна нема интерес да обезбеди тие што бараат поостри санкции кон Русија да не победат на изборите, ако е можно, додаде Ишингер

Тој претходно пред Европскиот парламент претстави извештај за дигиталниот суверенитет, во кој ја повикува Европа да биде подобро подготвена за заштитата на податоците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот