Иселеник од Центар Жупа несреќно го загубил животот во Италија

Градежни работници лето
Илустративна фотографија на градежни работници / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Четириесет и осумгодишен градежен работник, по потекло од општина Центар Жупа бил усмртен од меракен панел на местото каде што работел.

– Тоа е нашиот сограѓанин Назиф Ајдароски, кој со години работи во градежништво во областа Тревизо, каде што живее голема заедница од нашата општина. Родум е од селото Бајрамовци а подолг период живееше во село Житинани, од каде замина за Италија. Голема трагедија, изјави за МИА, жител на Житинани.

Ајдаровски бил оженет и татко на три деца на 19, 17 и 10 -годишна возраст.

За трагичниот настан известуваат и италијанските медиуми според кои обивинителството во Тревизо отворило истрага, а обвинителката Даниела Брунети наредила да се изврши обдукција на телото за да се открие причината. На распит биле повикани одговорните лица.

Во Италија живеат и работат повеќе илјади жители од оваа, од општина Дебар и од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот