Исчезната жена од скопско пронајдена почината во канал

Фото: МИА

Вчера попладне во канал во близина на скопското село Стајковци, било пронајдено телото на жена од селото, која претходно била пријавена како исчезната, соопшти МВР.

„На 10.12.2022 во 15,30 часот во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека околу 13.00 часот на место викано „Орман трло” во атар на с.Стајковци, скопско во канал со вода е пронајдена почината З.Д.(78) од с.Стајковци која на 07.12.2022 од нејзината ќерка С.С.(45) од Скопје е пријавена дека се оддалечила од домот. Од лекар од итна медицинска помош е констатирала смрт без траги на насилство“, велат од полицијата.

За настанот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено на Судска медицина. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот