Исчезнал Ф-35 во Јужна Каролина: Се бараат информации од граѓаните

Фото: EPA-EFE/VALDA KALNINA

Американските воени претставници бараат помош од јавноста за лоцирање на борбен авион Ф-35 Лајтнинг 2 кој исчезнал во Јужна Каролина откако пилотот го искористил катапултното седиште за да се спаси.

Пилотот бил принуден да го напушти стелт-ловецот по „неуспех“ за време на летот, како што е опишано во пораката од базата Чарлстон на Икс (поранешен Твитер).

Како што информираа од базната управа „пилотот безбедно се катапултирал“. Операторот е лоциран и пренесен во локална болница во стабилна состојба.

„Доколку имате какви било информации кои би можеле да им помогнат на нашите тимови за опоравување да го лоцираат Ф-35, ве молиме да не известите“, соопшти администрацијата.

Во потрагата по борбениот авион е вклучен и хеликоптер . Инспекторите исто така се обидуваат да ги утврдат околностите под кои пилотот го користел системот за исфрлање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот