Иран одбележа 45-годишнина од Исламската револуција

Кулата на слободата (Азари) во Техеран осветлена во националните бои на годишнината од револуцијата - Фотографија ЕПА Абедин Такенкенарех

Со огномети и прослави, но и со протести против Америка и Израел, Иранците ја одбележаа 45-годишнината од Исламската револуција.

Оваа прослава е во чувствителен период на обновен судир со Израел и со САД, поради војната во Газа. Американски и израелски сили напаѓаат бази на проирански групи во Либан, Сирија и Ирак, но не и на територијата на Иран.

Низ целата земја, илјадници Иранци дефилираа низ главните градски улици и плоштади украсени со знамиња, балони и транспаренти со револуционерни и верски пароли.

Иранци го вејат националното знаме и го газат израелското – Фотографија ЕПА, Абедин Такенкенарех

Во Техеран, толпа граѓани вееја ирански знамиња, извикуваа слогани и носеа плакати со вообичаените пораки „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“. Некои учесници на уличните паради палеле или газеле знамиња на САД и Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот