Иран: Бројот на починати лица од коронавирус се искачи на 194

Во Иран 194 лица починале од новиот коронавирус, додека 6.566 се заразени, соопшти денеска Министерството за здравство во Техеран.

Иран е една од земјите со најголем број жртви надвор од Кина, каде вируси прво се појави.

Портпарол на Министерството во телевизиска објава ги предупреди Иранците да ги избегнуваат сите големи собири и да останат дома.

– Во последните 24 часа имаме 49 лица кои починале од последиците на оваа болест, така што досега имаме најмалку 194 жртви, рече тој, додавајќи дека со тестовите е откриено дека уште 743 лица се заразени со вирусот.

Во меѓувреме, „Иран ер” ги прекина сите летови до европските дестинации до понатамошно известување, соопшти Организацијата за цивилна авијација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот