Иран бара траен прекин на огнот додека течат дополнителните два дена примирје во Газа

Напади во Газа / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Иран вечерва повика на траен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, повика на стабилно примирје и да нема повторување на, како што кажа, „суровата агресија на ционистичкиот режим врз Газа“, пренесе Ал Џезира.

Канани на прес-конференција додаде дека Иран очекува злосторствата на Израел против палестинскиот народ да бидат целосно запрени.

Предходно Катар соопшти дека е постигнат договор за продолжување на примирјето во Појасот Газа за дополнителни два дена. Хамас потврди дека е постигнат договор со Египет и Катар и оти прекинот на огнот ќе биде на сила до четврток наутро по локално време.

Израел претходно постави услов за ослободување по 10 заложници за ден без борби во енклавата. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху попладнето рече дека неговата земја ќе продолжи со своите цели за елиминација на Хамас, за ослободување на заложниците на милитантната група и спречување на секој напад во иднина врз Израел сличен на оној од 7 октомври.

Белата куќа го поздрави договорот за продолжување на примирјето во Газа што ќе резултира со ослободување на уште 20 заложници.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека Хамас вечерва ослободи 11 израелски заложници, меѓу кои девет деца и две жени.
Ослободените Израелци 52 дена беа заложници на припадниците на Хамас и Исламски џихад.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот