Иран бара Израел да биде исклучен од Обединетите нации

Иранци пред портретите на ајатоласите Али Хамнеи и Хомеини на централниот плоштад во Техеран - Фотографија ЕПА, Абедин Такенкенарех

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска повика Израел да биде исклучен од Обединетите нации, во обраќањето на одбележувањето на 45-годишнината од Исламската револуција.

– Предлагаме ционистичкиот ентитет да биде исфрлен од Обединетите нации, бидејќи она што се случува денес во Газа е злосторство против човештвото – рече Раиси, мислејќи на Израел, држава која Иран не ја признава.

На говорот на централниот плоштад Азади, Раиси го обвини Израел дека „прекршил 400 декларации, резолуции и договори“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот