Инзаги останува тренер на Интер

фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ќе го продолжи договорот со екипата на Интер.

Новиот договор ќе го задржи Инзаги во Интер до 2024 година, објави новинарот специјализиран за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо.

Инзаги ќе може да ја продолжи соработката за уште една година, до 2025 година, доколку тој и клубот бидат задоволни од сработеното.

Поранешниот напаѓач и брат на пославниот Филипо Инзаги пристигна на „Џузепе Меаца“ во 2021 година, а претходно пет години беше тренер на Лацио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот