Интер ќе донира 100.000 евра во истражувањето за коронавирусот

Италијанскиот тим Интер и неговиот претседател Стивен Жанг ќе донираат 100.000 евра на Одделот за биомедицински истражувања во болницата Сако во Милано како помош во борбата со епидемијата на коронавирусот.

– Интер има нераскинливи врски со Милано и е горд на посветеноста на персоналот во болницата Сако во овие тешки моменти. Од почетокот на појавата на коронавирусот , ние како клуб со големо внимание ја следиме ситуацијата бидејќи за нас најважно е јавното здравје. Поради тоа Интер чувствува обврска да помогне на болницата Сако со донација – изјави преседателот на Интер, Стивен Жанг.

Досега во Италија од коронавирусот се заразени повеќе од 3.000 лица, а 107 лица се починати. Бројката на новозаболени од коронавирусот во последните 24 часа е зголемен за дури 28 проценти.

Поради ширењето на епидемијата, италијанската Влада одлучи сите спортски натпревари до 3 април да се играат без присуство на гледачи.

Ова значи дека натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, италијанските екипи ќе ги играат на празни стадиони, додека некои од најголемите дерби натпревари во Серија А како Јувентус – Интер и Јувентус – Милан се одложени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот