Интер ја одби првата понуда на Манчестер јунајтед за голманот Онана

фото: EPA-EFE/Abir Sultan

Првите луѓе на Манчестер јунајтед и Интер во наредните денови ќе ги продолжат преговорите околу трансферот на голманот на миланскиот клуб Андре Онана во тимот од „Олд Трафорд“, пренесува „Скај Спортс“.

Интер ја одби првата понуда од Јунајтед која изнесуваше околу 45 милиони евра. Италијанците бараат 60 милиони евра за камерунскиот голман, кој треба да го замени Шпанецот Давид де Хеа.

Извори блиски до преговорите тврдат дека трансферот треба да биде комплетиран најдоцна до 13 јули, бидејќи тогаш Интер ги започнува подготовките за новата сезона. Британските медиуми пренесуваат дека Интер би можел да се согласи на надомест од 52,5 милиони евра за Онана.

Камерунецот им порача на „нераѕурите“ дека сака да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед каде повторно би соработувал со Ерик тен Хаг.

Онана (27) минатата година пристигна во Интер од Ајакс. Минатата година запиша 41 настап за Интер во сите натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот