Интегра: Да не дозволиме некој да си поигрува со македонската национална стратегиска ориентација

Лидерот на политичката партија Интегра, Љупчо Ристовски вечерва пред гостиварци во рамки на предизборната кампања порача дека на претстојните избори ќе треба да се симнат од тронот на власта оние кои, како што рече, од 30 години владеење не и донеле добро на државата.

Во летниот амфитеатар пред поддржувачите на партијата, Ристовски зборуваше за важноста од постоење на држава на Македонците и остварување на стратегиска ориентација.

– Ние го имаме тоа право и според божјата правда и според меѓународното право. Тоа право ни доаѓа од искуството во минатото кога плејада борци ги дале животите. Не смееме да дозволиме да бидеме дел од најслабата генерација Македонци која ја губи татковината и испушта од рака. Не смееме да дозволиме некој да си поигрува со македонската национална стратегиска ориентација, рече Ристовски.

Тој ги критикуваше партиите кои изминативе години не ѝ донеле добро ниту на народот ниту на граѓаните и од нив побара добро да размислат за иднината и да ги поддржат на претстојните избори.

Виолета Србиноска, носител на листата за кандидати за пратеници за Шестата изборна единица појасни делови од програмата кои, како што рече, се конкретни предлози и решенија за да се врати достоинството на Македонецот и конечно секој граѓанин да биде задоволен и горд на својата етничка припадност. Таа од гостиварци побара да излезат на гласање во што можно поголем број.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот