Иницијативата „Отворен Балкан“ ги даде очекуваните резултати, вели Ковачевски

Ковачевски, Рама и Вучиќ во Охрид/Фото:/ 08 јуни 2022. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Иницијативата „Отворен Балкан“ ги даде очекуваните резултати. Имаме зголемена трговија меѓу трите држави, систем на слободни движење на работната сила и олеснет проток на стока, оценува лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Дали и во која форма ќе функционира „Отворен Балкан“ е прашање на државите кои се дел од оваа иницијатива, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Посочи дека се работи за оргинална иницијатива која потекнува од три држави од Западен Балкан, а како резултат на неа воведени се зелени ленти, тргнати се голем број нетарифни бариери, усогласени се фотосанитарните контроли, признати се диломите и воспоставен е систем за слободно движење на работна сила.

– Трговијата меѓу Македонија и Србија е зголемена за 50 проценти, трговијата меѓу Македонија и Албанија е зголемена за 40 проценти, а вкупната трговија меѓу трите земји е зголемена за 25 проценти. Ако ги прашате бизнисмените и компаниите дали вреди, ќе ви кажат да, ако ги прашате работниците, ќе ви кажат да, а ако ги прашате политичарите, ќе добиете филозофирање затоа што немаат агенда, рече Ковачевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот