ИНФОГРАФИК: Секој петти жител на ЕУ е изложен на ризик од сиромаштија

Сиромаштија. / Фото: Архива на Слободен печат

Во 2021 година, 95,4 милиони луѓе во ЕУ, што претставува 21,7% од населението, беа изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, т.е. живееја во домаќинства кои се соочуваат со најмалку еден од трите ризици од сиромаштија и социјална исклученост (ризик од сиромаштија, материјално загрозени и живеење во домаќинство со многу низок интензитет на работа). Ова е благ пораст во споредба со 2020 година (94,8 милиони; 21,6% од населението).

Ова доаѓа од податоците што ги објави Евростат. Во соопштението се претставени неколку наоди од подеталната статија „Статистика за условите за живот во Европа – сиромаштија и социјална исклученост“.

Обработка на податоци: СП. / Иван Самарџиев

Помеѓу 95,4 милиони луѓе во ЕУ кои се соочија со ризик од сиромаштија или социјална исклученост, околу 5,9 милиони (1,3% од вкупното население) живееја во домаќинства кои ги доживуваат сите три ризици од сиромаштија и социјална исклученост истовремено.

Обработка на податоци: СП. / Иван Самарџиев

Во 2021 година, 73,7 милиони луѓе во ЕУ беа под ризик од сиромаштија, додека 27,0 милиони беа сериозно материјално и социјално ограничени, а 29,3 милиони живееја во домаќинство со низок интензитет на работа.

Ризикот од сиромаштија или социјална исклученост варираше низ земјите-членки на ЕУ. Највисок процент на луѓе со ризик од сиромаштија или социјална исклученост е забележан во Романија (34%), Бугарија (32%), Грција и Шпанија (и двете по 28%).

Спротивно на тоа, најмал удел на луѓе со ризик од сиромаштија или социјална исклученост се забележани во Чешка (11%), Словенија (13%) и Финска (14%).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот