Индискиот сој на Ковид-19 детектиран за првпат во Белгија

Четворицата се наоѓаат во Брисел, но ниеден од нив не е хоспитализиран и нивните симптоми се благи. Властите информираат дека ниеден од нив не ја напуштил земјата во последните месеци.

Белгиските здравствени власти соопштија денеска дека се детектирани четири случаи на индискиот сој на коронавирусот во земјата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Четворицата се наоѓаат во Брисел, но ниеден од нив не е хоспитализиран и нивните симптоми се благи. Властите информираат дека ниеден од нив не ја напуштил земјата во последните месеци.

Нејасно е дали оваа мутација наречена индиска е поопасна или позаразна од другите. Станува збор за дупла мутација, елемент што ги загрижува епидемиолозите. Првата мутација е слична на бразилската у јужноафриканската, додека втората Е484К би можела да е поотпорна на вакцините, според досегашните информации, но здравствените власти во Белгија за сега не се претерано загрижени.

Иако ситуацијата во Индија е катастрофална, епидемиолозите велат дека тоа не мора да значи дека се должи на овој нов сој на вирусот, туку на недоволните рестриктивни мерки во Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот