Индиската влада ги означи истополовите бракови како „елитистички“

Индија ЛГБТИ+ активисти / Фото EPA-EFE/HARISH TYAGI

Индиската влада го изрази своето жестоко противење на легализацијата на истополовите бракови, нарекувајќи го „урбан елитистички концепт“ што ги поткопува религиозните и општествените вредности, откако врховниот суд започнува сослушувања за правата на ЛГБТИ+ луѓето да бидат во брак според законот, пренесува „Гардијан“.

Десетици петиции од ЛГБТИ+ активисти беа поднесени пред највисокиот суд во земјата како дел од колективната тужба која се бори за правото на ЛГБТИ+ луѓето да бидат во брак и да имаат еднаквост според законот.

Тоа е најзначајниот предизвик за статус-квото на правата на хомосексуалците од 2018 година, кога, со значајна пресуда, врховниот суд го укина законот од колонијалната ера што ја криминализира хомосексуалноста.

Сослушувањата за истополовите бракови доаѓаат во време на постепена општествена промена во Индија, каде што ЛГБТИ+ луѓето стануваат се повидливи, особено во популарната култура и во маршевите на гордоста што се одржуваат во поголемите градови, додека постои растечка свест за правото на еднаквост. Сепак, повеќето прифаќаат дека има уште долг пат да се помине во смисла на целосно општествено прифаќање и безбедност од стигма и вознемирување, бидејќи земјата останува длабоко традиционална и патријархална.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот