Индија укинува царини за да добие инвестиции од 100 милијарди долари од ЕФТА

Индија ја штити индустријата на злато - Фотографија ЕПА, Дивјакант Соланки

Индија ќе укине терифи за индустриски производи од четири европски земји за да добие инвестиции во вкупна вредност од 100 милијарди долари во следните 15 години.

Ова го изјави министерот за трговија Пијуш Гојал, по постигнувањето на економскиот договор по 16 години преговори.

Индија неодамна потпиша слични договори со Австралија и со Обединетите Арапски Емирати, а во завршна фаза се преговорите за пакт со Обединетото Кралство.

Индискиот премиер Нарендра Моди најави дека до крајот на оваа деценија годишниот извоз ќе се крене до 1.000 милијарди долари.

Договорот е склучен со Европската асоцијација на слободна трговија (ЕФТА), во која се Швајцарија, Норвешка, Исланд и Швајцарија. Тие се обврзуваат до крајот на идната деценија да инвестираат 100 милијарди долари во индиската економија, а Њу Делхи се обврзува целосно или делумно да ги укине високите царини за 95,3 отсто од стоките што ги увезува од Швајцарија, освен злато.

– Норвешките компании што извезуваат производи на индискиот пазар со 1,4 милијарда луѓе се соочени со царини од 40 отсто на некои стоки. Со новиот договор, обезбедувме укинување на царините за речиси сите норвешки производи – изјави министерот за индустрија Јан Кристијан Вестре.

Индија е петтиот по големина трговски партнер на ЕФТА, по Европската Унија, САД, Обединетото Кралство и Кина. Трговската размена лани изнесувала 25 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот