Индија ракетираше во Кашмир, една цивилна жртва

Најмалку еден цивил загина, а тројца се повредени во индиски ракетен напад во регионот Кашмир, соопшти денеска пакистанската армија, која одговори на нападот.

Размената на огнот започна синоќа.

Пакистанската армија соопшти дека индиската страна го прекршила примирјето.

Кашмир е поделен на индиски и пакистански дел, а двете земји тврдат дека имаат право на целата област.

Тој територијален спор доведе до две војни меѓу Индија и Пакистан по нивната независност во 1947 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот