Индија ќе купи 100 милиони дози од руската вакцина

Фото: EPA

 Рускиот државен инвестициски фонд постигна договор за продажба на 100 милиони дози од руската вакцина против Ковид-19, Спутник-V, на фармацевтска компанија во Индија, изјави денеска извор запознаен со договорот.

Се очекува да следуваат клинички испитувања на руската вакцина во Индија, кои ќе бидат спроведени заедно со индиската фирма што ја купува вакцината, рекол изворот.

Испитувањата и договорите за набавка треба да бидат одобрени од индиските регулаторни тела.

Рускиот државен инвестициски фонд веќе постигна договори за набавка на руската вакцини со Казахстан, Бразил и Мексико.

Претходно беше постигнат и договор за партнерство во производството на 300 милиони дози вакцина Спутник-V во Индија.

Фондот ќе го објави името на компанијата подоцна денеска.

Рускиот Спутник-V е првата регистрирана вакцина против коронавирус.

На 26 август Русија почна големи клинички испитувања, односно фаза три, со најмалку 40 илјади учесници, но испитувањата сè уште не се завршени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот