Инцидент во Собранието на Град Белград: Демонстранти влегоа во Сава Центар во обид да ја прекинат седницата

Фото: twitter

Неколку десетици демонстранти, кои се противат на изградбата на Макишко поле, бидејќи сметаат дека ќе го загрози водоснабдувањето на Белград, успеаја да влезат во ходникот на Сава Центар, каде што се одвива седницата на градскиот парламент на која се разгледува планот, јави Бета.

Претставници на српската опозицијата и здруженија на граѓани се собраа утрово и се обидоа да влезат во Сава Центар за да го спречат одржувањето на седницата на Градското собрание на Белград. Тие бараат да биде повлечен од дневен ред планот за детално регулирање на Макишко поле, со кој, како што тврдат, се загрозува водоснабдувањето на граѓаните.

Меѓу собраните се и претставници на одборничките групи на Партијата за слобода и правда и Народната партија, градската организација „Двери”, здружението „Битка за Кошутњак“, иницијативата „Да не го давиме Белград“ и други.

Откако се повлекоа малиот број припадници на Полициската бригада, демонстрантите успеаја да ја минат првата врата од Сава Центар, по што беа запрени од обезбедувањето и Комуналната милиција пред вториот влез.

Тие во моментот скандираат против намерата на градските власти да изградат населба на Макишко поле и бараат да се прекине седницата на белградското собрание, бидејќи сметаат дека е нелегитимна. Тие, исто така, бараат од министерката за заштита на животната средина да дојде на седницата и да се изјасни за планот.

Инцидентот се случи за време на обраќањето на претставници на опозицијата и здруженијата на граѓани, кои тврдат дека седницата на Градското собрание е нелегитимна и дека јавната расправа што неодамна се одржа за планот за Макишко поле не била воопшто јавна, бидејќи граѓаните не можеле да присуствуваат на неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот