Инцидентот кој промени многу работи: Грција пред еден месец осуди седум хулигани на доживотен затвор

Фото: Profimedia

Во фокусот на јавноста денеска е инцидентот кој се случи во понеделеникот кога во пресметка помеѓу навивачките групи на АЕК и Динамо животот го загуби 29-годишниот Михалис Кацурис.

Истрагата и сослушувањето на хулиганите е во теко, 104 хулигани се во грчкиот затвор и ја чекаат казната. Засега не е познато какви казни ќе добијат, но пред само еден месец заврши судењето во кои беа осудени дури 12 навивачи на ПАОК поради убивство на 19-годишен студент.

Грција минатата година ги заостри законите кога во прашање е насилството на фудбалските терени, а причината беше убиството на 19-годишниот Алкис Кампанос (19) кој го загуби животот додека со друштвото седеше во еден парк во Солун.

Алкис и неговите пријатели биле нападнати од група навивачи на ПАОК кои прво ги прашале за кого навиваат за потоа да почнат да ги тепаат. Навивачите на црно-белиот тим од Солун користеле палки, ножеви и оружје во борбата против невооружените студенти. Од тој инцидент ситуацијата на навивачката сцена во Грција не е иста.

Полицијата набрзо ги уапси напаѓачите и седум од нив беа осудени на доживотна затворска казна, додека уште петмина добија по 20 години затвор поради учество во нередите кои довеле до смртта на студентот кој не бил член на ниту една навивачка група.

Токму поради овој случај се најавува дека и казните за овој инцидент можат да бидат брутални.

ФОТО+ВИДЕО: Фудбалерите на АЕК му оддадоа почит на убиениот навивач

Градоначалниците на Атина и на Загреб со заедничка порака по инцидентот: Насилството нема националност!

ФОТО: Поранешен босански репрезентативец ги поддржа хулиганите на грчкиот АЕК

Ниту Хрватите не поминале лесно: Најмалку тројца навивачи на Динамо имале убодни рани

Грците потпишуваат петиција за исфрлање на Динамо од Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот