Инцидент над Црното Море: Руски патнички авион избегна судир со авион на НАТО

фото:EPA-TOMS-KALNINS

Патнички авион на руската национална авиокомпанија Аерофлот денеска морал да ја промени висината за да не се судри о авион на НАТО.

Руски претставници изјавија дека инцидентот се случил над Црно Море, кога авионот на Аерофлот летал од Тел Авив кон Москва. Авионот, во кој имало 142-ца патници, морал да се спушти на 1.800 метри за да избегне судар. Тие тврдат дека екипажот на авионот ЦЛ-600 на НАТО не реагирал на предупредувањата.

Северноатлантската алијанса сѐ уште не го коментираше инцидентот, јавува Ројтерс.

Тензиите меѓу Русија и НАТО деновиве се зголемуваат, а Украина ја обвини Русија дека натрупува воени сили на границата и планира инвазија, додека Москва тврди дека Киев се однесува воинствено.

Иако Украина не е сојузник на НАТО, силите на Алијансата често дејствуваат во нејзина полза, за да ја заштитат од она што го нарекуваат „руско провокативно однесување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот