Импликациите врз економијата ќе бидат основа за тоа дали ќе се донесе одлука за нова вонредна состојба

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Премиерот Оливер Спасовски на денешна прес-конференција информира дека Владата прави анализи на сето она што е преземено досега во однос на прогласувањето на вонредната состојба во неколку сегменти и според движењето во тие сегменти ќе биде донесена одлука дали повторно ќе се побара нова вонредна состојба.

– Владата прави анализи, систематизира се она што беше преземено во однос на прогласувањето на воредната состојба досега, анализите и во делот на здравствената криза, намалувањето на бројот на инфицирани од коронавирусот. Меѓутоа и импликациите врз економијата ќе бидат основа за тоа дали ќе се донесе одлука за нова вонредна состојба. Тоа ќе го имаме како можност за расправа пред Влада во наредните неколку дена и тогаш ќе ја донесеме одлуката дали ќе побараме повторно нова вонредна состојба во државата, рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот