арчи харисон
Фото Профимедиа

Име кое никој не го очекуваше: Официјално објавено името на кралското бебе

Новородениот син на британскиот принц Хари и Војвотката од Сасекс, новото кралско бебе, ќе се вика Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор, соопшти денес Бекингемската палата.

Меган Маркл и принцот Хари се појавија денес за прв пат пред новинарите со кралското бебе кое се роди во понеделникот, опишувајќи го чувството на родителството како „магично“.

Тие својот син го претставија на мала група новинари, а тој беше замотан во бело ќебе и имаше бело капче, пренесува Ројтерс.

„Магично е, навистина е неверојатно да ги имате двете најдобри момчиња на светот и многу сум среќна“, изјави Меган.

Таа додаде дека нивниот син го „има најслаткиот темперамент и спие добро“.

Хари изјави дека родителството е неверојатно, како и фактот дека имате сопствен извор на задоволство.

Тие најавија дека ќе ја посетат кралицата Елизабета Втора (93) за да се запознае со своето осмо правнуче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот