Има или нема заинтересирани за новиот оглас? Град Скопје и превозниците со различни ставови

Паркираните автобуси на приватните превозници/ ФОТО Николоски Пеце, Слободен печат

Секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров ја информираше јавноста дека има голема заинтересираност од страна на превозниците за јавниот повик кој беше распишан од нивна страна за избор на превозници за линиите 20 и 22.

– Сакам да ви укажам дека самиот јавен повик е една техничка работа која во суштина е иста како и претходното распишување на Јавен повик врз основа на кој беа ангажирани и претходните чинители во вршењето на оваа функција. Во оваа насока сакам да укажам дека има огромен интерес од страна на заинтересирани лица односно од лица кои и до сега возеле одредени линии. Во однос на јавниот повик, тој е отворен и ги нуди сите опции и нема ограничувања. Со овој оглас сакаме да овозможиме секој оној кој што чесно работи да врши дејност согласно правила и закони да си обезбеди егзистенција – изјави секретарот на Град Скопје .

Ваквата негова информација веднаш беше демантирана од страна на приватните автобуски превозници од „Слобода превоз“ и од „Макекспрес“.

– Според информациите од превозниците, информациите дека имало огромен интерес за пријавување на јавниот оглас не е точен. Никој од превозниците нема да се јави на овој оглас додека претходниот долг не е расчистен – изјави Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.

Јовановски меѓу другото изјави и дека затоа што како што рече во јавноста се почесто се споменува неговото име и го поврзуваат како што рече со најразлични политички структури и некакви бизнис или лични интереси, дека целосно се повлекува од улогата која ја има кога станува збор за овие протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот