Им помина рокот, Белгија ќе фрли над милион вакцини, дел испрати во Украина

Вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Белгискиот дневен весник „Ле Соар” открива дека Белгија ќе фрли 436.800 дози на вакцината на АстраЗенека затоа што им е поминат рокот, јавува дописничката на МИА од Брисел.

На половина милион дози им поминува рокот на 31 мај, додека во текот на летото уште 800 илјади дози на Модерна и 90 илјади на Фајзер ќе се најдат во медицинскиот отпад. Ова е првпат Белгија да мора да се ослободи од вакцини против Ковид-19 со поминат рок, тврдат властите. Пред неколку дена, вакцини со поминат рок беа испратени во Украина.

Вкупно 1,3 милиони дози вакцини ќе бидат фрлени затоа што не биле аплицирани, додека цели континенти остануваат невакцинирани поради одбивањето на богатите земји да ги ослободат вакцините од комерцијални патенти.

Белгиските власти се обидуваат да ја релативизираат оваа одлука преку споредба со соседните земји, бидејќи Франција минатиот месец фрли над три милиони дози на АстраЗенека.

Весникот „Ле Соар” потсетува на француско новинарско истражување во весникот Ле Монд кое откри дека Нигерија стана главен примач на вакцини со поминат рок од цел свет.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот