Илон Маск најави промена на логото на Твитер
Сопственикот на Твитер, американскиот милијардер Илон Маск денеска објави дека логото на платформата во форма на птица наскоро ќе биде сменето.
Маск на Твитер соопшти дека доколку се инсталира доволно добро „лого X“, тоа ќе биде „објавено ширум светот“ в понеделник, но не даде дополнителни детали.
And soon we shall bid adieu to the twitter brand and, gradually, all the birds
— Elon Musk (@elonmusk) July 23, 2023
Компанијата „Мета“, која ги поседува „Инстаграм“ и „Фејсбук“, овој месец ја лансираше новата социјална мрежа „Тредс“, која е директен конкурент на „Твитер“.
Маск го купи Твитер во октомври минатата година за 44 милијарди долари. Откако тој го купи Твитер, голем број огласувачи ја напуштија платформата, загрижени дека нивните реклами може да се појават заедно со несоодветна содржина откако компанијата отфрли речиси 80 отсто од својот персонал. Маск на почетокот на годинава призна дека Твитер претрпел огромен пад на приходите од реклами.