Илјадници граѓани на улиците ширум Црна Гора откако Ѓукановиќ го потпиша контроверзниот закон за вероисповед (ВИДЕО)

Фото: Херцег Нови/Demokratski front - DF

Околу илјада граѓани на Беране „прошетаа“ од центарот на градот до манастирот Ѓурѓеви ступови, во знак на протест за усвојувањето и потпишувањето на контроверзниот Закон за слобода на веросиповедта во Црна Гора, пренесува „Б92“.

Над илјада луѓе вечерва учествуваа и во протестната прошетка во Херцег Нови, а истот се случуваше и во Пљевља и во главниот град Подгорица.

Учесниците на „прошетката“, според информациите на социјалните мрежи, уште во 16.30 часот се собрале пред зградата на општината.

Еден од организаторите Милиќ Ралевиќ во кратко обраќање пред насобраните граѓани, рече и ги замоли луѓето прошетката да помине мирно и без инциденти.

– Овој собир не е пријавен во полиција. Ве молиме строго да се движите по тротоарот и преку пешачките премини. Исто така ве молиме да не упатите ниту еден свиреж или лош збор кога поминуваме покрај зградата на полицијата. Тоа се наши браќа и само си ја работат својата работа. Исто така, ги молиме политичките партии да не го користат овој собир за политички пораки – рече тој.

Колоната потоа се упатила до манастирот оддалечен од два до три километри. За време на протестната прошетка до манастирот, немало ниту еден инцидент.

Претходно денес, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, го потпиша Законот за слобода на вероисповед.

Мило Ѓукановиќ го потпиша контроверзниот закон за вероисповед во Црна Гора

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот