Мило Ѓукановиќ го потпиша контроверзниот закон за вероисповед во Црна Гора

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ го потпиша денеска указот за Законот за вероисповед, пренесува „Индекс“, повикувајќи се на информации од националниот телевизиски сервис.

Пратениците во црногорскиот Парламент пред два дена со 45 гласови го усвоија овој закон.

Демократскиот фронт претходно денеска го повикаа Ѓукановиќ да не го потпишува законот, туку да го врати во Собрание на доработка. Пратениците на ДФ предложија и распишување референдум за тоа прашање.

За време на гласањето на законот се случи инцидент во црногорското Собрание, по што пратениците на ДФ беа приведени.

Црна Гора по 42 години доби нов закон со кој се уредуваат верските прашања, пишува ЦдМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот