ВИДЕО: Илјадници демонстранти пристигнаа во Париз – полицијата ги пречека со водени топови

Протести во Париз / Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Илјадници противници на епидемиолошките мерки воведени за да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирус се собраа ноќеска и утринава во предградијата на Париз. Демонстрантите пристигнаа во конвои од цела Франција, со намера да влезат во Париз и покрај тоа што градските власти забранија секакви блокади.

„Речиси 7.200 полицајци ќе бидат распоредени во следните три дена за да го спречат минувањето на конвоите”, соопшти париската полиција.

Полицијата подготви оклопни возила и водени топови

Началникот на париската полиција Дидие Лалеман изјави дека отвориле привремена депонија за возила, која заедно со десетици пајаци ќе ги отстранува автомобилите и ќе ја пробива секоја блокада.

Полицијата на Твитер го покажа својот антиблокаден арсенал, објавувајќи фотографии од машини за отстранување на барикади, како и возила опремени со кранови или водени топови, пренесе Хина.

Учесниците на протестот бараат укинување на задолжителната вакцинација и бројот на пропусници. Протестните конвои во Франција се направени по примерот на канадскиот „Конвој на слободата”, со кој на улиците излегоа десетици илјади лица кои се противат на задолжителната вакцинација против коронавирусот и оваа блокада трае повеќе од две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот