„Игри“ без граници: Арсовска не дојде на седница, но го обвини Славески дека ги блокира нејзините проекти

Славевски и Арсовска во клинч/Фото: Скриншот

Поради тоа што и покрај дадената пауза за да се обезбеди присуството на градоначалничката Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје наменета за поставување  советнички прашања, градоначалничката не се појави во салата, претседателот на Советот Трајко Славески ја прекина седницата, а 34 редовна седница која требаше да започне веднаш потоа, ја одложи и како што рече, дополнително ќе соопшти кога ќе се одржи.

Градоначалничката не се одзва на повикот на советниците, но затоа експресно, штом беше прекината едната и одложена другата седница се огласи со соопштение.

Срамно и неодговорно е однесувањето на претседателот на Советот, Трајко Славески кој своеволно ја одложи седницата на Советот на Град Скопје на која требаше да се гласа за проекти кои се од клучно значење за скопјани. Наместо да се разговара за капитални проекти, Славески ја прекина и одложи седницата на која требаше да се најдат неколку круцијални инфраструктурни проекти, проекти кои значително ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните на Скопје во неколку населби ширум градот – се вели во сооптението од Град Скопје.

Оттаму го обвинуваат Славески дека денеска го блокирал „рамномерниот равој на градот кој самиот го промовираше шетајќи од врата до врата со програмата „За Модерно Скопје” на градоначалничката Данела Арсовска“.

ВМРО-ДПМНЕ денес ја попречи реконструкцијата на улицата Калош Дани која е руинирана, а по која секојдневно транзитираат илјадници жители на населбата Момин Поток. Славески и ВМРО-ДПМНЕ ги оштетија и карпошани со блокадата на работата на Советот имајќи во предвид дека денес советниците требаше да гласаат за изградба на две новопланирани улици 1 и 4 и изградба на мега парк во општина Карпош. Чучер Сандево кое повеќе од 30 години е заборавено од сите градски администрации нема да добие реконструирана водоводна и нова фекална мрежа и реконструкција на улици во местата Кучевишка Бара и Бел Камен само поради личните хирови на Славески. Апелираме до Мицкоски навреме да им ги каже инструкциите на своите советници кои очигледно без негов амин не знаат како да гласаат кога станува збор за клучни инфраструктурни проекти во градот. На овој начин граѓаните барем ќе бидат свесни и ќе знаат кој работи во нивен интерес, а кој исклучиво гледајќи го тесно-партискиот и личниот бизнис интерес – велат од Градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот