Игралишта за фудбал и кошарка и ново детско катче во Долно Лисиче

Фото: Општина Аеродром

Долно Лисиче доби нови спортски игралишта за фудбал и кошарка и ново детско катче. После долги години, населеното место „Чатал“ има модерен, локален спортски комплекс, кој е заокружување на неколку важни инвестиции во спортот и инфраструктурата во овој дел од општината, велат од Општина Аеродром.

На игралиште во Долно Лисиче, со средства од општинскиот буџет, направена е целосна реконструкција на фудбалското игралиште, поставено е ново осветлување, вештачка трева, реквизити за деца, како и нов терен за кошарка.

Градоначалникот Тимчо Муцунски вели дека радоста на децата е најважна, а инвестициите наменети за нив се високо во приоритетите на општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот