Иднината на банките

Credit line: Robert Daly / Caia Image / Profimedia

До 2030, банките ќе бидат целосно дигитализирани, целосно поврзани едни со други, водени од постоечките внатрешни информации и целисходни.

Натпреварот е во свет со нејасни граници – паметните телефони и платформите како што е на пример Гугл, пружаат можности за банкарско искуство, банкарски информации, а преку апликациите за поврзување со банките без физичка посета на банката, луѓето можат да аплицираат за заеми, депозити и да пресметуваат каматни стапки од удобноста на својот дом, канцеларија, место за релаксација и слично…

Постојат четири теми кои ќе бидат актуелни за банките:

Степен на дигитализација. Дигитализацијата ќе зазема сѐ поголем замав. Водечките банки ќе ја користат технологијата во сѐ поголем број операции, кои ги извршуваат и  услугите што ги нудат, како и во подлабок увид на клиентите и нивните финансиски услуги, често и на штета на видливоста на брендот. Но, тоа се предвидувањата што неминовно ќе го променат банкарскиот свет. Дистрибутивните модели ќе се развиваат така што пазарот ќе биде сѐ повеќе поврзан преку интернет. За многу банки ова ќе биде предизвик, бидејќи малопродажните брендови или услуги сѐ потешко ќе стигнат до крајниот потрошувач. Како би дознале, на пример, за поволностите што ги нуди „Халкбанк“ АД со нивната наградна игра? Само доколку имате пристап или директна информација за оваа услуга.

Поврзаност. За да останат релевантни, банките ќе мора да бидат присутни во екосистемите и производите кои ги користат клиентите – тоа значи дека партнерствата и посредувањата мора да бидат дел од секојдневната работа. Банките ќе треба да имаат „посветени советници“, односно луѓе директно поврзани со клиентите, како различен пристап од постоечките финансиски, некогаш ригидни и затворени услуги.

Водени од внатрешните податоци. Банките ќе треба да го подигнат нивото на доверба на потрошувачите. Нивната проширена улога ќе им овозможи на потрошувачите да имаат конечна лична контрола над своите финансии и дигитални податоци. Ова ќе биде пресудна предност, а банките ќе бидат тие што ќе даваат совети и ќе создадат „близина“, која досега се чинела невозможна.

Целисходност. Клиентите ќе преферираат банки кои ќе бидат во целост ускладени со нивните еколошки, социјални и финансиски вредности, како и со глобалната одговорност. Отворената култура на една банка која гради заеднички принципи со своите потрошувачи, има поголема шанса за иновација и задржување на заедничките цели – а со тоа колективен развој на производите во корист на сите. Пример за тоа е „Халкбанк“ АД Скопје со нивната грижа за средината преку платформата HalkEco.

Иднината на банкарството е тука, додека ги гледаме тековните промени и ги очекуваме наредните во следната деценија. Движечката сила на иднината е еволуцијата од минатото – некои новини се случуваат токму сега, а некои ќе ги очекуваме во наредните пет години. Но, до 2030 година може да се рече дека банките ќе бидат сосема дигитализирани и на некој начин „невидливи“, а сепак неопходно присутни на пазарот на пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот