ИДЕАЛНА ДИЕТА ЗА ВАШИОТ ЗНАК: Лавовите право во теретана, Раковите само лесна храна

Дознајте на кој режим на исхрана или вежбање (или нивна комбинација) треба да се придржувате според вашиот хороскопски знак.

Следете ги советите и имајте успешна диета.

ОВЕН

Започнувате диети, но не сте добри во нивното издржување. За вас се идеални кратките режими, но и натпреварите. Можете да се натпреварувате со пријател кој повеќе ќе извежба или побрзо ќе ослабне пет килограми.

БИК

Биковите треба да одржуваат редовна физичка активност и однапред одреден режим на исхрана. Овој знак не сака да експериментира многу, а тоа очигледно важи и кога се во прашање вишокот килограми.

БЛИЗНАЦИ

Ако сте решиле да ослабнете, тогаш дури и станувате хистерични и напорни во вашата намера. Која диета и да ја започнете, ќе даде резултат токму поради вашата упорност и издржливост.

РАК

Раковите се љубители на храната и не ја одбиваат во ниту едно време од денот. Затоа, треба да се истренирате да внесувате полесна и нискокалорична храна, која нема да го оптовари вашиот организам.

ЛАВ

За разлика од другите полиња во животот, кога е фитнесот во прашање на Лавот му недостига мотивација. Но, кога еднаш ќе ја добие, тогаш вежба како прав спортист и се храни како нутриционист.

ДЕВИЦА

Девиците се многу чувствителни кога се во прашање критиките за нивниот физички изглед. Во однос на храната, лесно може да се прилагодат на вегетаријанството, а фитнес-планот треба да биде јасен и прецизен.

ВАГА

Вагите може да бидат многу неодлучни и да им треба многу време додека да ја најдат идеалната фитнес-програма за себе. За нив најдобра е избалансираната исхрана и физичка активност со среден интензитет.

СКОРПИЈА

Тие имаат длабока волја за вежбање и здрава исхрана, но често нешто им се испречува на патот на оваа намера. Затоа, Скорпиите е најдобро да не почнуваат диета, туку само да се хранат најздраво што можат.

СТРЕЛЕЦ

На Стрелците им треба слобода во се, па така и во креирањето на план за исхрана и фитнес-програма. Детокс-плановите се идеални за нив, бидејќи даваат брзи резултати за кратко време. Потоа може да се обидат со друго.

ЈАРЕЦ

Јарците сакаат ред и организираност, па за нив најидеални се диетите со строго пропишана саатница за оброци, како и вежбите кои се прават во точен дел од денот, за да ја извлечат максималната ефикасност.

ВОДОЛИЈА

Водолиите се доволно уверени дека самите можат да си креираат идеален план за вежбање и исхрана, соодветно на нивните потреби. И секако, во право се, бидејќи никој друг не ги познава подобро од самите тие.

РИБИ

За Рибите најдобри вежби се јогата и медитацијата, бидејќи им дозволуваат да се поврзат со своето духовно ниво. Кога е во прашање исхраната, најдобро е да се држат на три строго одредени оброци дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот