И во Фондот за здравство има тестови за коронавирус од 1.100 денари

Цената за тестот за коронавирус, зависи од тоа која техника за пронаоѓање се користи, дали серолошко испитување, каде се детектираат антитела што ја причинуваат инфекцијата, или молекуларно испитување, при кое се детектира коронавирусот.

Фондот за здравствено осигурување, зависно од тоа која техника се користи, наплаќа серолошки анализи 1.100 денари, или оние за молекуларна анализа кои варираат меѓу 3.000 и 5.500 денари. Со поскапите тестови, се открива и бројот на причинители на инфекцијата, еден, повеќе или цел сет на вируси.

Вака од Фондот за здравствено осигурување ја објаснуваат разликата на цената меѓу нивните тестови и оние на приватните клиники. Како што додаваат оттаму, во сумата на цените вклучени се и трошоци за труд на медицинскиот персонал, трошоци за одржување на апаратите и болниците и режиски трошоци како на пример оние за однапред спремени китови за детекција.

– Во некои техники се користат само однапред спремени китови, а во други техники и покрај користењето на китови, потребни се други дополнителни активности за припрема за изведување на тестот. Сите тие си носат соодветни трошоци, велат од Фондот за здравство.

Тие додаваат дека сите наведени цени се со партиципација според Одлуката за висина на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги, а до Фондот се фактурираат без партиципација. Сите наведени цени важат уште од 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот