И директорот на ЈСП Турс Василевски со оставка до Арсовска: Си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите

Филип Василески/Фото: Фејсбук

Директорот на ЈСП Турс Филип Василески кого го назначи токму градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, денеска си поднесе оставка и појасни со објава на Фејсбук.

Како човек кој целиот свој живот го посветил на работа и кој има интегритет во работата, и како човек кој за исклучително кус период во работата на ЈСП Турс постигна исклучителни резултати со мојот тим сакам да кажам дека сум задоволен од тоа што го постигнавме со сопствени сили и ресурсите кои ги имавме на располагање.За период од 6 месеци, успеавме неколкукратно да ги зголемиме приходите во делот на превоз и туризам, како и да обезбедиме линеарно зголемување на платите за сите вработени. Но тоа не е доволно кога ЈСП Турс ја нема поддршката од Градот и нормалната комуникација со градоначалничката Данела Арсовска и со Генералниот директор Александар Стојковски. Морам да кажам дека разочарувачки е тоа што визијата која не обединуваше, проектите во кои веруваме и за која се обврзувавме пред скопјани не се исполнува и нема согласност од градот кој се повеќе е заглавен во кавги и пресметки и лични интереси затоа си давам оставка од директор на ЈСП Турс, од каде си заминувам со крената глава, задоволен од резултатите и со принципите во кои продолжувам да верувам, напиша Василески на ФБ.

Оставката на директорот на ЈСП Турс е само уште една од низата оставки на директорите на јавните градски претпријатија откако Арсовска ги разреши во понеделникот директорот на Водовод Златко Перински и секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски, по што оставки дадоа и директорите на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски, и на „Дрисла“ Јане Мицевски.

Арсовска им се закани  на директорите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека ако не си дадат оставки ќе бидат разрешени поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот