Хрватска троши стотици милиони куни на непостоечки депонии

Фото: Викимедиа

Хрватска троши стотици милиони куни за компании кои управуваат со непостоечки центри за управување со отпад низ Хрватска. А тоа што нивните вработени, кои редовно земаат плата секој месец, практично со години не прават ништо, може скапо да ја чини земјата, бидејќи се наближува денот кога Европската унија треба да воведе санкции, затоа што хрватската влада не успеа да исчисти отпад колку што се обврза, анализира Индекс хр.

Значајна улога во процентот на саниран отпад имаат регионалните центри за собирање и преработка на смет, кои никогаш не бил изградени.

Здружението Сунце, член на Европското биро за животна средина (ЕЕБ), вели дека „Хрватска не ги постигна целите за сепарација и рециклирање на отпадот за 2020 година и оттогаш ситуацијата не е значително променета“.

Овие податоци и другите наоди укажуваат на одредена опасност Република Хрватска да не успее да ги постигне целите за рециклирање на најмалку 55 проценти од масата на општинските и отпад од пакување до 2025 година и целта до 2035 година да се депонира максимум 10 отсто од масата од вкупниот произведен комунален отпад на депониите, велат од Здружението Сунце.

„Во овој момент, не можеме да зборуваме за санкции, но фокусот е на исполнување на сите потребни задачи за да се постигнат целите“, велат од Министерството за економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот