Хрватска ќе одложува нуклеарен отпад на границата со БИХ

Хрватска граница со БИХ/ Фото: Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

Жителите на Двор во Босна и Херцеговина стравуваат дека оваа година Хрватска би можела да почне да фрла нуклеарен отпад во Трговска Гора. Тоа место се наоѓа недалеку од границата со Босна и Херцеговина, а додека Хрватска наскоро ќе почне да го фрла спорниот отпад на границата, правни тимови од Босна и Херцеговина се уште ги истражуваат процедуралните опции против Хрватска, пишува Н1 Босна и Херцеговина.

Од 1999 година, Хрватска во своите документи ја означува касарната Черкезовац како магацин. Таа локација ја потврди во 2013 година како решение за отстранување на отпадот од нуклеарната централа Кршко. Н1 БиХ праша дали реакцијата на БиХ на плановите на Хрватска во врска со нуклеарниот отпад е одложена?

„Правниот тим подготвува, може да се каже, писмо до Архуската конвенција, така што ова се насоките на нашето дејствување“, изјави за Н1 БиХ, Бојан Випотник, министер за просторно планирање, градежништво и екологија на Република Српска.

„Денеска го дефинираме нашето заедничко движење, ќе обезбедиме дополнителни средства за работата на надлежните институции. Како и на кој начин ќе анализираме и иницираме одредени процедурални можности на БиХ во правната заштита на интересите на РС и на Федерацијата БиХ, имајќи предвид дека Хрватска очигледно не се откажува. И ние сакаме да бараме правна заштита“, изјави министерката за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Сташа Кошарац.

Во меѓувреме Словенија доби еколошка дозвола за нуклеарната централа Кршко за следните 20 години. Н1 БиХ пишува дека сето ова подразбира дека половина од тој отпад ќе заврши во Двор, на границата со БиХ, и дека потенцијално може да биде загрозено здравјето на околу 250.000 луѓе кои живеат покрај сливот на реката Уна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот