Хрватска ќе додели пет милиони евра хуманитарна помош за Украина

Средба Пленковиќ-Зеленски/Фото EPA-EFE/VALENTYN OGIRENKO / POOL

Владата на Република Хрватска донесе Одлука за испраќање хуманитарна помош за населението на Украина по повод Меѓународната донаторска конференција, со придонес од пет милиони евра.

„Хрватската Влада денеска одржа телефонска седница на која донесе Одлука за испраќање хуманитарна помош за населението на Украина по повод Меѓународната донаторска конференција на високо ниво за Украина, во коорганизација на Владата на Полска, Владата на Кралството Шведска и на претседателот на Европскиот совет, со учество на потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош, со придонес од 5.000.000 евра”, соопшти владината Канцеларија за односи со јавноста.

Бугарија ќе ја поправа воената опрема на Украина, но нема да ѝ испрати оружје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот