Хорор на забавен парк во Данска: Девојче загинало откако вагон излетал од шините

Забавниот парк во Данска каде се случила несреќата со 14-годишното девјоче/ Фото EPA-EFE/MIKKEL BERG PEDERSEN

14-годишно девојче загинало во забавен парк во Данска, откако задниот дел од вагонот се откачил и излетал од шините.

Задниот дел од вагонот се откачил и висел под остатокот од возот во забавниот парк, изјави за данската ТВ2 менаџерот на забавниот парк Хенрик Рагборг Олсен. Несреќата се случила во забавен парк во градот Архус.

Во несреќата 13-годишно момче се здобило со тешки повреди на раката. Од паркот на Фејсбук објавија дека несреќата се случила додека линијата работела и дека се скршил дел од последниот вагон.

Полицијата околу 12:50 часот добила дојава за тешка несреќа во забавниот парк, при што било пријавено дека возот се заглавил и дека во него се уште имало луѓе. Две лица кои седеле на задните седишта од возот се пренесени во болница, објави локалниот весник „Екстра Бладет“.

Полициската истрага за причините за трагедијата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот