Хорор на сафари: Слон туркаше камионче полно со туристи, сакале одблизу да го сликаат

Застрашувачкиот инцидент се случи во Националниот парк Пиланесберг, југозападно од Јоханесбург на 18 март, кога камионче со групата јужноафрикански туристи премногу се приближил до слон за да го фотографираат. Слонот се разлутил и тргнал одлучно кон возилото.

На видеата се гледа моментот кога слонот го крева предниот дел од камиончето со сурлата пред да го фрли на земја, додека од внатре се слушаат врисоците на патниците.

Возачот на возилото тргнал во рикверц и удрил со раката на вратата во обид малку да го исплаши слонот и да го спречи нападот.

Според компанијата што го организираше сафарито, Mankwe Game Trackers, слонот бил во период на парење, што значи дека нивото на тестостерон се зголемува за 60 пати, и тогаш цицачите стануваат поагресивни.

За среќа, за време на инцидентот нема повредени, но службениците на паркот им пружиле психолошка поддршка на преплашените туристи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот