Хонгконг доживеа втор бран на епидемијата и го стави под контрола, како успеа?

epa08236445 People wear face masks in Hong Kong, China, 22 February 2020. Hong Kong has so far reported two deaths and 69 confirmed cases of COVID-19 after a police officer tested positive for the novel coronavirus. The virus (SARS-CoV-2) outbreak, which originated in the Chinese city of Wuhan, has so far killed more than 2,000 people with over 77,000 infected worldwide, mostly in China. EPA-EFE/MIGUEL CANDELA

На крајот на февруари Хонгконг веќе започна да ги олабавува рестриктивните мерки, поради се подобрата ситуација околу пандемијата на коронавирусот, но премногу рано започнаа да се олабавуваат мерките.

Вториот бран пристигна, бројот на заразени нагло се зголеми и Хонгконг повторно се стави во карантин. Сега, се чини, дека конечно помина и вториот бран на заразата.

Хонгконг повеќе од две недели немаше случај на локално пренесување на коронавирус и постепено луѓето се враќаа на нормалниот живот.

-Се чувствувам навистина добро и мислам дека пристигна времето за опуштање и враќање во нормалност, рече премиерката на Хонгконг, Кери Лам, пред да објави дека нема повеќе да бидат на сила ограничувањата.

Новите мерки стапуваат во сила во петок, а ќе овозможат собирање на поголеми групи во јавност и отворање на некои бизниси. Сепак, Лам забележува дека луѓето треба да бидат внимателни, за да не ја повторат ситуацијата од февруари.

Како го запреа вториот бран?

Паниката во Хонгконг започна кон крајот на февруари кога луѓето се упатуваа кон супермаркетите и ги празнеа нивните рафотви, но бројот на заразени лица остана релативно мал. До почетокот на март, градот имаше 150 случаи, иако дели граница со Кина од каде почна да се шири вирусот.

Како што се ширеше вирусот во другите земји, така студентите почнаа да се враќаат во Хонгконг од Кина, и така продолжија да го шират коронавирусот. До крајот на март беа пријавени повеќе од 700 случаи.

Владата реагираше брзо. Тие забранија влез во Хонгконг од сите нерезиденти, спречија мешање на патниците на аеродромите и воведоа строги мерки за изолација на секој што ќе влезе во Хонгконг. А оние лица кои беа во домашна самоизолација им биле дадени електрични нараквици за да може да се следи нивната локација.

Забранета е и продажба на алкохол во кафулињата, затворени се сите спортски сали и спортски објекти. Голем дел од нив не работат, како рестораните, а оние што останаа да работат мораа да го намалат бројот на маси за да се зголеми растојанието помеѓу муштериите.

Иако многумина сметаа дека овие мерки се драстични, властите никогаш не наметнаа официјален карантин, ниту пак наредија сите да останат дома. Тие се потпираа на напорите на граѓаните и придржување на дисциплина за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Вкупно регистрирани се 1.041 лица кои биле заразени со ковид-19, со само четири смртни случаи. Во Хонгконг живеат повеќе од 7,4 милиони луѓе, па може да се каже дека пристапот на владата е успешен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот