Холандија го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

Фото: Eerste Kamer

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Информацијата на социјалните мрежи ја сподели министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров.

Откако 26 земји-членки го ратификуваа протоколот, се очекува уште Франција, Шпанија и Исланд да го направат тоа. Официјалното членство на Македонија во НАТО се очекува да биде во февруари 2020 година.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави оти се очекува до крајот на ноември или до Лондонскиот самит да заврши ратификацијата и во Франција, по што останува само ратификацијата во Шпанија, за што поточни проценки ќе можат да се направат дури откако ќе биде јасна новата влада.

– Според најавите, првата седница на шпанскиот Парламент ќе биде почетокот на декември. Секое шпекулирање сега, ќе биде само шпекулација. Многу внимателно ги следиме настаните, ја испраќаме континуирано пораката дека е многу важно за нас, но и за регионот, нашето членство час поскоро – изјави Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот