Халанд за потенцијалниот трансфер во Реал Мадрид: Никогаш не знаеш што носи иднината

Фото: EPA-EFE/Mads Claus Rasmussen

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд се појави на прес-конференцијата пред натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Копенхаген во рамките од Лигата на шампионите.

Манчестер Сити во првиот натпревар победи со 3:1, па така се очекува во реваншот да нема проблеми и да го обезбеди пласманот во четвртфиналето.

Покрај прашањата за натпреварот, Халанд доби прашање и дали во иднина би се преселил во Реал Мадрид, неговиот актуелен договор со клубот од Манчестер има важност до 2027 година.

„Навистина сум среќен тука, посебно со луѓето со кои сум опкружен, тренерот, директорите, управата…Ќе ви кажам нешто што ќе заврши на насловните страни на медиумите – никогаш не знаеш што носи иднината. Можете ова да го напиште, но морате да го напиште и тоа што го кажав на почетокот, дека сега сум среќен“, одговори Халанд.

Халанд во Манчестер Сити пристигна летото 2022 година од Борусија Дортумунд. Сезонава норвешкиот напаѓач постигна 28 гола и запиша шест асистенции на 31 натпревар. Минатата сезона на 53 натпревари за граѓаните постигна 52 гола и стигна до титулите во Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот